Нова пол-позиција за Хамилтон



 

Луис Хамилтон и Валтери Ботас го освоија првиот стартен ред за Мерцедес, во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Бахреин.

Хамилтон, во квалификациите забележа време 1:27.267 минути. За светскиот првак ова беше прва пол-позиција во Бахреин по 2016 година. Хамилтон со рекордот на патеката ја освои 98 пол-позиција во кариерата.

Хамилтон имаше подобар резултат за 0.289 секунди од тимскиот колега Ботас и за 0.414 секунди од возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен. Алекс Албон ќе му прави друштво на Ферстапен во вториот ред на стартот.

Третиот ред го освоија Естебан Перез од Рејсинг Поинт и Даниел Рикардо од Рено. Во првите десет се најдоа и Естебан Окон (Рено), Пјер Гасли (Алфа Таури), Ландо Норис (Мекларен) и Данил Квјат (Алфа Таури).

Веднаш до првата десетка се пилотите на Ферари Себастијан Фетел и Шарл Леклер.

Трката за Големата награда на Бахреин утре ќе започне во 15.10 часот.