Норвежаните ја освоија Планица, Словенците само четврти




Норвешка ја одбрани тимската титула од Светското првенство во скијачки летови на славната словенечка леталница Планица, за да освојат вкупно петто злато на ова лудо натпреварување.

Германците, предводени од новиот светски шампион Карл Гајгер беа на чекор до прва тимска титула во нивната историја, откако беа лидери пред последната група на скокачи, пред Халвор Егнер Гранеруд да скокне 234.5 метри за Норвешка, а Гајгер „само“ 224.5 метри. Покрај Гранеруд во норвешкиот тим беа и Даниел Андре Танде, Јохан Андре Форфанг и Роберт Јохансон.

Бронзениот медал го освои Полска (Жила, Стекала, Стох и Кубацки), додека домаќините Словенија (Домен Превц, Петер Превц, Бор Павловчич и Анже Ланишек) беа четврти.