Норвешка по осми пат стана европски ракометен шампион


Норвешка по осми пат стана европски ракометен шампион - МИА

Хернинг, 20 декември 2020 () – Репрезентацијата на Норвешка го освои Европското првенство во ракомет за жени. Норвежанките вечерва во финалето во Хернинг ја совладаа Франција со резултат 22:20 (14:10 полувреме).


 

Норвешка по осми пат се искачи на европскиот ракометен трон.

Претходно, во дуелот за третото место, репрезентативките на Хрватска ја победија домашната селекција на Данска со 25:19.