Њукасл со „шок-терапија“ во две минути за Кристал палас


Њукасл јунајтед стигна до гостинска 2:0 победа кај Кристал палас, прекинувајќи ја низата од два порази со фантастичен финиш на мечот, кога за само две минути (во 88. и 90. минута), постигнаа два гола за три поени.



Кога се веруваше дека мечот ќе заврши со досадни 0:0, Жоелинтон фантастично го пронајде Калам Вилсон, кој стрелаше за 0:1, пред само две минути подоцна Жоелинтон да ја искористи катастрофалната реакција на голманот Висенте Гаита за да го потврди триумфот.

Тимот на Стив Брус се искачи на 10. место на табелата со 14 поени, додека Палас сега се 13. со еден поен помалку.