НФЛ лигашот Вашингтон Командерс продадени за шест милијарди долари

nfl
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Договорена е продажба на Вашингтон Командерс, клуб кој се натпреварува во американската професионална лига во американски фудбал (НФЛ), а вредноста на трансакцијата се проценува на 6.05 милијарди долари, што е нов рекорд.

Досегашниот сопственик Ден Снајдер потврди дека постигнал договор за продажба на клубот со групација предводена од бизнисменот Џош Харис, кој е сопственик на НБА лигашот Филаделфија и на НФЛ клубот Њу Џерси, како и малцински сопственик во англискиот фудбалски прволигаш Кристал Палас.


„Одушевени сме што постигнавме договор за продажба на Командерси на Џош Харис, кој е роден во Вашингтон, и неговата импресивна група партнери. Се радуваме на брзо комплетирање на трансакцијата“, објави семејството Снајдер.

Вашингтон Командерс од 1999 година беше во сопственост на Снајдер, кој го купи клубот за 800 милиони долари, но за изминатите 24 години екипата не освои ниту една шампионска титула, а самиот Снајдер беше поврзуван со серија скандали поради креирање нездрава работна атмосфера, сексуално злоставување вработени и финансиски малверзации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK