Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски ги договорил сите детали околу потпис на договор со Асколи и трансферот треба да се реализира во текот на утрешниот ден, откриваат италијанските медиуми.
Напаѓачот се раздели со Удинезе, а во изминатите десетина дена преговараше со многу екипи од Серија Б. За него се интересираа Тернана, Козенца, Сампдорија, а сега Асколи е тимот што успеал да се договори за негово доаѓање.
Несторовски седум години е во Италија, каде играше за Палермо и за Удинезе.