Најголемото засилување на Црвена звезда оваа сезона, Шабаз Нејпир, по само неколку месеци го напушти клубот.
Американскиот плејмејкер, не беше во вторникот против Реал Мадрид и покрај тоа што се појави на загревањето. По мечот тренерот Јоанис Сферопулос изјави дека Напиер повеќе не е член на црвено-белите.
Специјализираниот кошаркарски портал „Јурохупс“, претпладнево објави дека Нејпир ќе се врати во Армани Милано.
Црвена звезда ќе профитира од заминувањето на Нејпир, бидејќи тимот од Милано ќе го преземе целиот договор, со што значително ќе им се олесни буџетот на црвено-белите.
Според овој извор, Нејпир потпишал договор со Армани вреден два милиони евра.
Правилата на Евролигата велат дека Нејпир ќе има право на стап во новиот клуб од 1 јануари.