Нејмар блесна во Перу, Фалкао ја спаси Колумбија, катастрофа на Уругвај




Комплетирано е второто коло во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужно-американската зона. Бразил победи во Перу, Уругвај падна во Еквадор, Фалкао во последните секунди ја спаси колумбија од пораз во Чиле, а Парагвај со многу мака победи во Венецуела.

Во реприза на последното финале од Копа Америка Бразил со пресврт успеа да слави во Перу. Најзаслужен за тоа е Нејмар кој постигна хет-трик. Кариљо постигна гол за Перу во петтата минута, Нејмар израмни во 28, а нова предност на домашниот тим му донесе Тапиа. Резултатот го израмни Ришарлисон, а потоа Нејмар со два гола ја запечати судбината на домаќинот.



Уругвај доживеа тежок пораз во Еквадор (4:2). Еквадорците играа одлично водеа со 4:0, а целосна катастрофа спречи Луис Суарез со два гола во завршницата на натпреварот.

Хименез постигна гол во 85 минута за Парагвај во победа кај Венецуела 1:0.

Чиле и Колумбија одиграа 2:2. Видал и Санчез постигнаа голови за Чиле, а Лерма и Фалкао за Колумбија.