НБА ќе започне на 22.декември



 

Новата сезона во НБА-лигата би требало да започне на 22.декември, објави ЕСПН. Според овој медиуми, челниците на лигата и Здружението на кошаркарите биле блиску до постигнување договор околу овој датум. Наскоро, информацијата, би требело да добие и официјална потврда.

Доколку двете страни се договорат, тогаш тренинг-камповите ќе бидат отворени од 1.декември. Исто така, ќе биде воведена уште една измена, наместо вообичаените 82 натпревари, секој тим во сезоната ќе одигра по 72 натпревари.

За потсетување, претходната сезона во НБА заврши на 12.октовмри. Поради пандемијата на коронавирусот, завршницата се играше во „меурот“, во Орландо.

Титулата ја освоија кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс.