НБА го скратува времетраењето на подготвителните натпреварите



НБА-лигата размислува да ги одржи сите плејоф-натпревари во Лас Вегас - МИА

Вашингтон, 19 јули 2020 () – Времетраењето на четвртини на ревијалните натпревари во НБА ќе се намали од 12 минути на 10 минути, објави „ЕСПН“.


 

Оваа одлука е донесена за да се заштитат играчите од преголем замор по четиримесечна пауза поради пандемијата на коронавирус. Првите натпревари ќе се одржат на 22 јули.

Сезоната во НБА лигата ја прекина коронавирусот во март, а првите официјални натпревари по продолжувањето ќе се одржат од 30 јули во Спортскиот комплекс „Дизни“ во Орландо.