Нагелсман: Вернер не можеме да го клонираме, мораме да бараме начин да ги надополниме неговите 34 голови по сезона


Нагелсман во најтесниот круг на потенцијални тренери на Њукасл - МИА

Лајпциг, 12 јуни 2020 () – Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман ги коментираше информациите за евентуалното заминување на напаѓачот Тимо Вернер од тимот во блиска иднина.


 

Најзаинтересиран за Вернер е Челси, додека желба да го има во своите редови пројавува и Ливерпул.

– Тимо не може да се замени. Не можете да клонирате фудбалер. Ако Вернер нè напушти, главната задача на тимот ќе биде да се обиде некако да ги надополни неговите 34 голови по сезоната. Малку е веројатно дека само еден фудбалер може да го реши овој проблем, истакна нагелсман.

Во сезоната 2019/20, Вернер одигра 41 натпревар за Лајпциг, со 31 погодок и 13 асистенции на негова сметка. Претходно во медиумите се појави информација дека Челси ќе го откупи Германецот, користејќи ја можноста за откуп на играч во износ од 60 милиони евра.