Надал загрижен за условите на „Ролан Гарос“


Надал ги откри условите под кои ќе игра во Ролан Гарос - МИА

Париз, 26 септември 2020 () – 12-кратниот шампион на „Ролан Гарос“, Рафаел Надал одигра само три натпревари во последната половина година, но Матадорот се смета за главен фаворит на турнирот, со оглед на неговата историја во Париз.

Шпанецот пристигна во престолнината на Франција пред неколку дена и ја коментираше неговата адаптација кон спецификите на турнирот оваа сезона.

Тој ја сподели својата загриженост за ниските температури и топките со кои ќе игра, откако тие може да доведат до повреди.

– Условите оваа година се многу тешки. Времето е екстремно ладно, што е дефицит за сите нас. Денес температурата беше во опсег од 9-10 степени, и ова се премногу екстремни граници за играње тенис на отворено. Новите топки не се погодни за играње на земја, но го прифаќам предизвикот. Тренирав со нив на Мајорка и се чинеа премногу тешки. Во ова студено време мислам дека можат да бидат опасни и да доведат до повреди. Организаторите треба да размислат за ова во иднина, бидејќи овие топки се лоши за лактите и рамената на играчите. Овие дефинитивно ќе бидат најтешките услови со кои некогаш сум морал да се справам на овој турнир, изјави 19-кратниот освојувач на Гренд-слем турнири.

Со успех тука, тој ќе го изедначи рекордот на Роџер Федерер од 20.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*