Надал за УС Опен: Не сум арогантен…



Надал за УС Опен: Не сум арогантен… - МИА

Њујорк, 5 август 2020 () – Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде мислење по повод УС Опен, иако нема да учествува во него.

Тој во вторникот објави дека се откажува од идејата да се појави на северноамериканскиот Гренд слем турнир.

Како што истакна, тој не сака да се соочи со ризикот што го предизвикува пандемијата на коронавирус.

– Се уште ќе биде голем турнир со голема титула. Не сум толку арогантен да мислам дека УС Опен нема да биде важен, бидејќи јас не доаѓам. Точно е дека неколку големи имиња нема да бидат таму, но кој и да победи на турнирот, не треба да биде помалку горд отколку да беше било кој претходен Гренд-слем, вели 34-годишниот тенисер.

Минатогодишниот победник на УС Опен нема да се бори за својата петта титула во Големото јаболко оваа година, но ќе го гледаме на неговиот омилен турнир – Ролан Гарос.

Се разбира, под услов турнирот да се одржи.

– Верувам дека ќе се одржи Ролан Гарос. Размислувам за тоа и се подготвувам за тоа, но ќе мора да видиме што ќе се случи, како ќе се одвива сè, затоа што ситуацијата се влоши во изминатите неколку недели. Се надевам дека ќе бидам таму доколку се обезбедат услови. Тоа е мојот план, додаде Надал, кој го освои 12 пати турнирот, вклучувајќи ги и претходните три сезони.

Ролан Гарос треба да стартува на 27 септември, само две недели по крајот на УС Опен.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*