– Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе го пропушти претстојниот мастерс турнир во Рим бидејќи и натаму има проблеми со повредата на колкот.
„Жал ми е што морам да соопштам дека нема да можам да бидам во Рим. Сите знаете колку ме боли што морам да пропуштам уште еден турнир кој има посебно место во мојата кариера како професионалец, како и поради поддршката која ми ја даваат италијанските навивачи“, напиша Надал на својот Твитер профил.
Надал во кариерата има пет титули на мастерсот во Рим.
Шпанскиот тенисер е надвор од теренот од јануари кога за време на Австралија опен го повреди колкот.