Мурињо постави цел пред Тотенхем



ript>

Мурињо: Не е крај на светот ако Тотенхем не заврши во топ 6 - МИА

Лондон, 20 јули 2020 () – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, постави пред своите играчи цел да го освојат шестото место во крајниот пласман во Премиер лигата.


 

Коло пред крајот на првенството, „спарси“ ја заземаат токму оваа позиција со 58 бода, имајќи два повеќе од седмиот Волверхемптон, кој, сепак, вечерва е домаќин на Кристал Палас. Во последното коло, сепак, „волците“ имаат тешко гостување кај Челси, додека Тотенхем гостуваат кај Палас.

– За нас беше многу важно да го направиме крајот на сезоната како што го имаме сега. Ние сме една од екипите кои освоија најмногу поени од рестартирањето на првенството. Наша цел е да го освоиме шестото место. За таа цел мора да го победиме Кристал Палас и да чекаме за резултатите од другите натпревари. Можеме да го обезбедиме седмото место и сами, но можеби не е доволно за нас за Лига Европа. Важно е што ќе постигнеме со оглед на нашите цели следната сезона, рече Мурињо, чиј тим го забележа својот трет последователен успех во неделата по победата од 3 0 на домашен терен против Лестер.