Мурињо: Не постои такво нешто како синдром на Тотенхем


Мурињо: Не е крај на светот ако Тотенхем не заврши во топ 6 - МИА

Лондон, 21 октомври 2020 () – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги отфрли шпекулациите дека тимот страда од синдром, што го спречува клубот да победува на натпревари и трофеи многу години, иако редовно е близу до нив. Во саботата, Тотенхем прокоцка предност од 3:0 против Вест Хем во последните 10 минути од натпреварот, но Мурињо рече дека неговите играчи не ги преживуваат сериозно изгубените два бода.



– Минатото не ми е важно. Треба само да научиме да чуваме подобро во статички ситуации. Верувам дека ако одиграме уште 50 натпревари на кои ќе поведеме со 3:0 во 80-тата минута, нема да изгубиме ниту еден од нив. Не мислам дека постои такво нешто како синдромот на Тотенхем и немам намера повеќе се занимавам со тоа, изјави Португалецот пред првиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа против австриски ЛАСК Линц.

Менаџерот на Тотенхем додаде дека левиот бек Дани Роуз повеќе не е дел од неговите планови, иако англискиот репрезентативец е сè уште дел од тимот.

– Дани имаше голема желба да си замине уште во јануари минатата година. Тој сакаше да замине некаде да игра. Сепак, пазарот го прават не само играчите, туку и нивните агенти. Мора да го прашате неговиот агент зошто не најде решение и не најде друг тим за него, објасни Мурињо.

За мечот со ЛАСК, Тотенхем ќе биде без дефанзивците Ерик Даер и Џафет Танганга.


Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*