Мурињо: И без трофејот ќе бидам меѓу најдобрите тренери



– Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ја продолжи „војната“ со медиумите, откако во изминатиов период е цел на постојани критики поради лошите резултати на неговиот тим.Минатото коло Јунајтед беше поразен со убедливи 3:0 од Тотенхем, а на денешната прес-конференција пред натпреварот со Барнли португалскиот фудбалски стручњак ги наведе своите успеси и нагласи дека без разлика дали сезонава ќе освои титула или не, тој останува еден од најдобрите тренери во светот.

– Постигнав голем успех минатата година и тоа е нешто што веројатно не сакате да го препознаете. Пред две години имавме одлична сезона и ја освоивме Лига Европа. Ние сме последен англиски клуб кој дошол до европски трофеј. А јас сум единствениот тренер, кој освоил осум титули во Италија, Шпанија и Англија, а тоа не се мали титули, истакна Мурињо.

Јунајтед по три кола во Премиер лигата има една победа и два порази, а за Мурињо ова е еден од најлошите почетоци на сезона во неговата кариера.

Во четвртото коло в недела Јунајтед ќе се соочи со Барнли.


Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19 - МИА
Вести

Уште две деца од струмичката градинка позитивни на Ковид-19

Струмица, 19 септември 2020 () -Уште две деца од струмичката градинка од истата група од која е првото, се позитивни на Ковид-19, потврди директорот Васил Бубев. -Не може да се потврди дека станува збор за […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 30.827.639 лица. Од нив починале 958.514 пациенти, а оздравеле 22.440.560 луѓе. Атина – Во Грција во изминатите 24 часа се регистрирани 240 нови […]

Вести

Реакција од група Македонски научници во однос на континуираните бугарски негирања на посебноста на Македонскиот народ и јазик

Како македонски научни работници – проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници. Особено со индигнација ги отфрламе […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*