Монца официјално потпиша со Боатенг


Монца официјално потпиша со Боатенг - МИА

Монца, 28 септември 2020 () – Играчот за врска на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг се приклучи на Монца, чиј сопственик е поранешниот премиер Силвио Берлускони.

Играчот за врска денес официјално потпиша договор на една сезона со тимот од Серија „Б“.

Кариерата на 33-годишниот Боатенг е доволно богата и вклучува периоди во Херта (Берлин), Тотенхем, Борусија (Дортмунд), Барселона, Милан, а минатата година го носеше дресот на Фиорентина.

Берлускони, еден од најуспешните претседатели на Милан, ја презеде контролата над Монца пред две години. Клубот влезе во Серија „Б“ оваа сезона и ја започна кампањата 2020/2021 со желба да влезе во Серија „А“.


Вести

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 […]

Вести

Договорот за добрососедство е основата за односите со Бугарија, порача власта, опозицијата бара од Заев став за Гоце Делчев и македонскиот јазик

– Историјата да им се остави на историчарите, а политиката на политичарите е повик, кој изминатите денови постојано се повторува од страна на државните функционери во земјава во однос на недоразбирањата кои настанаа на релација […]

Вести

Се пополнуваат болничките капацитети, Филипче најави зголемување на термините за тестирање

– Се пополнуваат болничките капацитетите за сместување на пациенти заболени од Ковид-19 во сите градови во земјава, а постепено се полни и модуларната болница во Скопје изминатите денови кога и кај нас и во Европа […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*