Многу емоции на „Сан Паоло“, Наполи со висока победа во чест на Марадона


Во меч со многу емоции, Наполи вечерва на „Сан Паоло“, по ново стадион „Диего Армандо Марадона“ забележа победа со 4-0 против екипата на Рома.



„Дербито на сонцето“ започна со едноминутно молчење поради смртта на Диего Марадона, фудбалерот кој остави неизбришива трага токму на овој стадион и во овој клуб.

Пред почетокот на мечот, капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње остави букет цвеќе пред големиот постер во чест на „Ел Пибе“ на една од трибините на стадионот.

Il Capitano omaggia Diego Armando Maradona sotto le Curve A e B

Diego 💙 pic.twitter.com/gg25C4Y9Cm

— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 29, 2020

Во 10-тата минута, на сред натпревар, играчите на двете екипи застанаа и со едноминутен аплауз оддадоа почит на екс-фудбалерот кој на грбот го носеше бројот 10- Диего Армандо Марадона.

Избраниците на Џенаро Гатузо успеаја со триумф со 2-0 на некој начин да се заблагодарат кон Марадона за својата трага во овој клуб. Капитенот Инсиње во 31 минута со одличен шут од слободен удар донесе водство од 1-0. Веднаш по голот отрча до клупата за резерви, го зема дресот со број 10 на кој стоеше презимето Марадона, го бакна и го сврте кон камерите.

Наполи имаше повеќе од играта во целиот меч, а резултат на тоа е и зголеменото водство во вториот дел. Се играше 65 минута, па по одличната асистенција на Марио Руи, Фабијан Руис прецизно шутираше до самата статива за 2-0. Руис голот го прослави во прегратка со нашиот репрезентативец Елиф Елмас кој во игра влезе во 78 минута.

Токму Елмас придонесе за третиот гол за Наполи на овој меч. Се играше 81 минута кога Елмас силно шутираше од 20-тина метри, голманот на Рома – Миранте лошо ја одби топката, на неа налета Мертенс и реализираше за 3-0.

И тоа не беше се. Политано со вистински слалом во 86 минута погоди за високи 4-0.