Милик е подготвен да замине во Јувентус, Наполи е многу незадоволен од него


Милик е подготвен да замине во Јувентус, Наполи е многу незадоволен од него - МИА

Неапол, 3 јули 2020 () – Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик постигна прелиминарен договор за преселба во Јувентус, тврди „Калчомеркато“.



Самите неаполитанци не сакаат да го продадат полскиот напаѓач на конкурентите и сметаат на успешни преговори со други понудувачи – Тотенхем и Атлетико.

За Милик, Наполи бара 40 милиони евра.

Се претпоставува дека при евентуален трансферот во Јуве, во замена за Милик, Наполи ќе добие пари и двајца играчи.

Во сезоната 2019/20 година, 26-годишниот Милик настапи на 27 натпревари и постигна 13 голови.