Милевски: Нашата цел е да останеме конкурентни за висок пласман


Милевски по поразот од Шпанија: Горд сум на овие момци - МИА

Скопје, 2 октомври 2020 () – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски, се надева на добри резултати на октомвриските средби во квалификациите за Европското првенство.



–  Очекувам да ги повториме добрите игри од последните два натпревара против Шпанија и Фарски Острови. Казахстан е сериозна екипа, играат тимски и агресивно, а тоа го потврдија на нашиот прв меѓусебен дуел во Скопје. Во составот недостасува Трапановски, а дебитант е Миовски од унгарски МТК. Сметам дека имаме квалитет и потенцијал за добар резултат и наша цел е да останеме конкурентни за висок пласман во групата до крајот од квалификациите. Добрата игра против Шпанија не ни донесе бодови, а тоа значи дека не ни преостанува ништо друго освен да се бориме за победа на секој натпревар до крајот од квалификацискиот циклус, изјави селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски.

„Црвено-жолтите“ на 8 октомври се среќаваат со Казахстан, пет дена подоцна (13 октомври) противник ќе им биде Израел.