Милан повтори клупски рекорд од 1973 година



Милан изгуби 195 милиони евра поради пандемијата - МИА

Милано, 29 ноември 2020 () – Фудбалерите на Милан попладнево ја совладаа Фиорентина со 2:0 со головите на Алесио Ромањоли и Френк Сеси.


 

„Росонерите“ ја продолжија низата со постигнат гол во италијанскиот шампионат на 29 натпревари. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во периодот 1972-73 година.

Во следното коло Милан ќе играат против Сампдорија и ако постигне гол на овој меч ќе постави нов рекорд.