Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ едногодишен договор со опција да се продолжи за уште една сезона


Порталот „Transfermarkt“ го објави списокот со 10. највредни фудбалери родени во 1981 година - МИА

Милано, 1 август 2020 () – Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е подготвен да остане во Милано, објави „Corriere della Sera“.

Италијанскиот клуб ќе му понуди на Швеѓанецот едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година доколку „росонерите“ изборат учество во Лигата на шампиони.

Платата на Ибрахимовиќ ќе биде пет милиони евра, плус бонуси врзани за индивидуалниот и тимскиот успех. Доколку се активираат сите дополнителни поени, заработката на Златан ќе надмине шест милиони евра, на кои тој смета.

И покрај неговата возраст, 38-годишниот Швеѓанец стана лидер во нападот на Милан по доаѓањето на почетокот на годината.

На 19 натпревари во Серија А и во Купот на Италија, тој постигна 10 голови.


Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА
Вести

Нови 200 случаи на КОВИД-19, 15 оздравени и четири починати лица

Министерството за здравство денеска регистрира 200 нови случаи на КОВИД-19 од направени 1828 тестирања, како и 15 оздравени пациенти и четири починати лица. Во последните 24 часа, како што соопшти, се направени 1828 тестирања, а регистрирани се […]

Протоколи кои поризлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки - МИА
Вести

Преговори за нова влада, средби и првични пораки меѓу партиите

Скопје, 8 август 2020 () –  Информации и пораки за разговорите за формирање нова влада упатија и вчера преку соопштенија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партиите што на неодамнешните парламентарни избори освоија по 46, односно 44 пратеници […]

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник - МИА
Вести

Доминира ставот училиштата да се отворат, предлог-планот на МОН за 2020/2021 се очекува од понеделник

Скопје, 8 август 2020 () – Министерството за образование и наука има предлог-план како ќе почне да се реализира учебната 2020/2021 година од 1 септември. Тој треба да се финализира во наредната недела, да помине […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*