Милан изгуби 195 милиони евра поради пандемијата



Милан изгуби 195 милиони евра поради пандемијата - МИА

Милано, 9 октомври 2020 () – Италијанскиот фудбалски гигант Милан објави дека поради пандемијата на коронавирус, претрпе сериозни финансиски загуби. Вкупно, клубот досега има загуби од 195 милиони евра, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.


 

Последното италијанско првенство беше прекинато во март поради пандемија и се играше од јуни до август со празни трибини. Властите дозволија колективна обука само кон крајот на мај.

Досега, дозволени се до илјада гледачи на спортски настани, во согласност со сите неопходни мерки на претпазливост.