Милан има 18 гостински натпревари без пораз, ова е најдобрата серија на клубот од 1993 година


Милан постигна гол на 30 натпревари по ред во Серија А, ова е клупски рекорд - МИА

Милано, 11 декември 2020 () – Милан како гостин синоќа ја победи Спарта Прага (1:0) во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.


 

Росонерите ја продолжија серијата без пораз на туѓ терен во сите натпреварувања која трае 18 натпревари. Ова е најдобриот резултат на клубот од 1993 година, кога серијата заврши со 20 натпревари.

До крајот на годината, Милан ќе одигра два натпревара на гости – со Џенова и со Сасуоло.