Мик Шумахер: Сакав Раиконен да ми биде тимски колега


Мик Шумахер, синот на славниот Михеал. не крие дека е разочаран што, наредната сезона во Ф1, нема да вози во Алфа Ромео. Мик, својата кариера во „најбрзиот циркус“, ќе ја започне во тимот на Хас.



Мик Шумахер долго време се поврзуваше со Алфа Ромео, но овој тим во последен момент реши да го задржи и во наредната сезона Антонио Џовинаци, како партнер на Кими Раиконен.

Од ваквиот развој на настаните не е задоволен, лидерот во Формула 2, Мик Шумахер.

„Искрено сакав да возам во ист тим со Кими Раиконен. За мене тоа ќе беше неверојатно искуство. Сепак Алфа Роме решија како што решија. Во животото сите работи се случуваат со причина“, рекол Шумахер.

„Нека има малку трпение. Започнуваме за најмногу две недели“, рекол сопственикот на Хас, Гинтер Штајнер.

„Наредната година ќе биде добра за дебитантите, бидејќи нема толку внимание да посветиме на развојот на болидот. Наредната година ќе биде транзициска“, дополнил Штајнер.

Хас се уште не го потврдиле името на вториот возач за наредната сезона, се очекува тоа да биде дебитантот од Русија, Никита Мазепин.