Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш


Металург се засили со пикерот Бранко Канкараш - МИА

Скопје, 5 мај 2020 () – Раководството на Металург го обезбеди второто засилување за следната сезона. Се работи за црногорскиот репрезентативен пикер Бранко Канкараш, кој сезонава ја заврши во тимот на Мешков Брест. Тој со тимот од Автокоманда потпиша едногодишен договор.

Канкараш во својата кариера настапувал за српските екипи Југовиќ (2006-2013), Металопластика (2013-2014) и Војводина (2014-2015), турскиот Мерзин (2014-2015), француските Валанс (2015-2017) и Истр (2018-2019), како и за белорускиот Мешков Брест (2019-2020).

Канкараш има искуство и во настапите во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата.

Претходно, поранешниот репрезентативец на Србија Момир Рниќ (32) договори едногодишна соработка со металурзите.

Рниќ во кариерата има настапувано за Пролетер, Горење, Целје, Гепинген, Мелсунген и Рајн Некар Ловен.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]