Меси го урна рекордот на Пеле




Лионел Меси, го урна рекордот на Пеле. Голот што синоќа го постигна против Ваљадолид беше неговиот 644 во дресот на Барселона, што е апсолутен рекорд во светот на фудбалот. Ниту еден фудбалер не постигнал толку голови во дресот на еден клуб.

„Не можев да замислам дека ќе го урнам овој рекорд кога започнав да играм фудбал. Можам само да им се заблагодарам на сите оние кои ми помагаа низ годините, на моите соиграчи, на моето семејство, на моите пријатели и на сите кои секојдневно ме поддржуваат“, напишал Аргентинецот на социјалните мрежи.

Барселона, синоќа на „Зориља“ во Ваљадолид, го победи домашниот тим со 3:0. Меси го постигна третиот гол. По завршувањето на натпреварот, Меси со приватен авион заминал за Аргентина, каде ќе ги мине празниците, во Барселона треба да се врати на 27.декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)