Менаџер го уценувал Левандовски за 20 милиони евра


Менаџер го уценувал Левандовски за 20 милиони евра - МИА

Варшава, 27 октомври 2020 () – Полската полиција денес го уапси поранешниот менаџер на фудбалерот Роберт Левандовски, по обвинувањата дека го уценувал напаѓачот на Баерн Минхен.



Обвинителството во Варшава објави дека на Цезар Кучарски му е одреден притвор во рамките на истрагата, откако Левандовски пријавил дека неговиот поранешен менаџер му се заканувал.

Полицијата изврши претрес во куќата и канцелариите на Кучарски.

Полските медиуми минатиот месец објавија дека Кучарски од Левандовски побарал 20 милиони евра за нивната деловна соработка во минатото. Левандовски негираше дека му должи пари.

Кучарски беше менаџер на Левандовски 10 години, до 2018 година.


Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Вести

Најмалку 37 полицајци и жандарми се повредени во судирите со демонстрантите во Париз

Според првичниот извештај на францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан, 37 полицајци и жандарми се повредени за време на демонстрациите во Париз, јави дописникот на МИА. Министерот за внатрешни работи на Твитер го осуди […]

Вести

За еден ден во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 52 пациенти, вкупно се лекуваат 437 лица со Ковид-19

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*