Мартинез одби да се пресели во Челзи


Интер подготвен да се раздели со Лаутаро Мартинез за 111 милиони евра - МИА

Милано, 16 октомври 2020 () – Напаѓачот Лаутаро Мартинез можеше да го напушти Интер во последниот преоден рок.



Според „Туто Меркато Веб“, 23-годишниот Аргентинец одбил да се пресели во Челзи бидејќи сметал на трансфер во Реал Мадрид или Барселона.

Оваа сезона Мартинез постигна три гола и направи една асистенција на три натпревари во италијанскиот шампионат.