Маркус Рашфорд е „принцот“ на „Паркот на принцовите“ – пак ги расплака ПСЖ!


Навивачите на Пари Сен-Жермен повторно ќе имаат кошмар од Маркус Рашфорд, откако англискиот напаѓач во финишот на првиот меч од Лигата на шампионите, успеа да постигне гол на „Паркот на принцовите“ и да им донесе на Манчестер јунајтед неочекувана победа, слично како пред две сезони.



Јунајтед, зачудувачки, имаа повеќе од играта во првото полувреме и дојдоа во водство со 11-тиот гол од пенал на (привремениот) капитен Бруно Фернандеш, кој во 23. минута од вториот обид успеа да го совлада Кејлор Навас. ПСЖ влегоа во ритам во второто полувреме, посебно преку Килијан Мбапе, кој му задаваше главоболки на Арон Ван-Бисака, но својот гол го дочекаа во 55. минута кога Антони Марсијал ја заби топката во сопствената мрежа по еден корнер.

Додека ПСЖ одеа на победа, Маркус Рашфорд во 87. минута доби топка од Пол Погба, за од работ на шестнаесетникот да го совлада Навас. Рашфорд пред две сезони успеа да го елиминира ПСЖ по 3:1 победата на Јунајтед на „Паркот на принцовите“ со гол од пенал по 90-те минути.

Лацио при своето враќање во Лигата на шампионите по подолго време, стигнаа до импресивна 3:1 победа над Борусија Дортмунд. Чиро Имобиле го „начна“ својот поранешен клуб по катастрофалната грешка на одбраната на германскиот клуб, пред Луиз Фелипе да зголеми на 2:0. Ерлинг Халанд во 71. минута им даде надеж на гостите за камбек, пред Жан Акпа Апро да ја запечати победата.

Барселона немаа мака во својот прв меч во ЛШ, откако со 5:1 го совладаа унгарскиот шампион Ференцварош иако мечот го завршија со играч помалку. Лео Меси (од пенал) и Ансу Фати со фантастичен гол по проигрувањето од Де Јонг донесоа 2:0 водство во првото полувреме. Филипе Кутињо зголеми на 3:0, пред Жерард Пике да добие црвен картон, а Ференцварош од пенал на намали на 3:1, за Родри да стави точка на натпреварот.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА Е

Челси – Севилја 0:0

Рен – Краснодар 1:1

ГРУПА Ф

Зенит Санкт Петерсбург – Клуб Бриж 1:2

Лацио – Борусија Дортмунд 3:1

ГРУПА Г

Динамо Киев – Јувентус 0:2

Барселона – Ференцварош 5:1

ГРУПА Х

Пари Сен-Жермен – Манчестер јунајтед 1:2

РБ Лајпциг – Башакшехир 2:0

ПСЖ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

БАРСЕЛОНА – ФЕРЕНЦВАРОШ

ЛАЦИО – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

ЧЕЛСИ – СЕВИЛЈА

РБ ЛАЈПЦИГ – БАШАКШЕХИР


Вести

Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин

Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин. Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар. Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество […]

Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Вести

Земјотрес во Македонија, епицентарот во близина на Скопје

Земјотрес со јачина од 3,4 степени ја погоди Македонија. Потресот бил почувствуван и во Косово и Србија. Според првичните податоци на веб-страницата www.emsc-csem.org која објавува податоци за земјотреси во целиот свет, потресот се случил во […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*