„Марка“: Јовиќ не сака да успее во Мадрид




 

Реал Мадрид доживеа пораз од Шахтјор (2:3) во Лигата на шампионите. Најмногу критики за катастрофалната игра на тимот добија Бразилците Марсело и Едер Милитао, односно Лука Јовиќ.

Изненадувачки Зинедин Зидан го остави Карим Бензема на клупата за резерви, а натпреварот го започна со Јовиќ. Играчот за кого Реал минатото лето платија 60.000.000 евра беше незабележлив на теренот. Она што е полошо за него е што неговата замена Винисисус Жуниор постигна гол 15 секунди по влегувањето на теренот.

„Од почетокот на сезоната доби повеќе шанси од Зидан него што тоа беше случај во минатата сезона. Засега не покажува дека има намера да успее во Мадрид. Исчезна и беше заменет“, пишува новинарот на „Марка“, Хуан Игнасио Гарсија-Очоа.

„Во одбраната повеќе не може да се смета на Марсело. Во нападот се обидуваше да направи нешто во второто полувреме, но светлосни години е оддалечен од она што некогаш беше. Штета, стана играч за Куп натпревари“, пишува новинарот, а потоа одвоил неколку редови и за Милитао.

„Каков натпревар! Виновен е за два од трите гола што ги постигна Шахтјор. Конфузијата кај третиот гол не може да се толерира. Доби само жолт картон за прекршокот што го направи“, пишува новинарот Очоа.