Манчестер сити и Лион изборија четвртфинале во Лигата на шампионите



Манчестер сити и Лион изборија четвртфинале во Лигата на шампионите - МИА

Манчестер, 7 август 2020 () – Екипите на Манчестер сити и на Лион се пласираа во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампионите, откако вечерва ги елиминираа своите ривали Реал Мадрид, односно Јувентус.

На „Етихад“ во Манчестер, Сити по втор пат во осминафиналната пресметка го порази Реал. И овој пат резултатот беше 2:1, па „граѓаните“ со вкупни 4:2 одат понатаму.

Стрелци на головите за англискиот тим беа Рахим Стерлинг во 9. минута и Габриел Жезус во 68. минута. За Реал погоди Карим Бензема во 28. минута.

И Јувентус забележа победа со 2:1 вечерва на домашен терен против Лион, но тоа не беше доволно за италијанскиот шампион, па францускиот тим по победата на свој терен со 1:0 и поради правилото гол на гости, се пласира во четвртфиналето.

Лион поведе преку Мемфис Депај во 12. минута од пенал, изедначи Кристијано Роналдо, исто така од пенал во 43. минута. Португалецот го постигна и вториот погодок за „бјанко-нерите“, за пирова победа.

Манчестер сити и Лион го сочинуваат третиот пар во ЛШ. Претходно беа познати двојките: Лајпциг – Атлетико Мадрид и Аталанта – ПСЖ.

Последната двојка за четвртфиналето ќе биде позната утревечер по средбите Барселона – Наполи (1:1 прв натпревар) и Баерн – Челзи (3:0).


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*