Манчестер Сити ја победи Црвена Звезда со 3:1 на стартот од групната фаза во Лигата на шампионите, но загуби еден од главните играчи, Бернардо Силва. Португалецот заработи повреда во финишот на првото полувреме.
„Сѐ уште не сум разговарал со лекарите, но тој ќе ги пропушти следните неколку натпревари“, прокоментира по средбата менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
29-годишниот фудбалер е следниот во „амбулантата“ на Сити. Англискиот шампион не може да се потпре на Кевин де Брујне, Матео Ковачиќ, Џон Стоунс и Џек Грилиш. Најблиску до опоравување е хрватскиот играч за врска.