Манчестер јунајтед упати само еден удар кон голот на Арсенал во првото полувреме


Манчестер јунајтед упати само еден удар кон голот на Арсенал во првото полувреме - МИА

Манчестер, 1 ноември 2020 () – Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаат  потешкотии при создавањето шанси на денешниот дуел со Арсенал во првото полувреме од дербито на 7. коло од Премиер лигата. Резултатот по 45 минути беше 0:0, а екипата на Оле Гунар Солскјер упати само еден удар кон противничкиот гол во првото полувреме.


 

Ова е најлошиот резултат на Манчестер јунајтед на домашен натпревар во Премиерлигата од октомври 2015 година.

Тогаш на натпреварот против Манчестер сити, не успеаја ниту еднаш да го загрозат голот на „граѓаните“.