Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Двајт Јорк има интересен предлог за клупските челници. Тој смета дека „црвените ѓаволи“ треба да го врата во клубот Ромелу Лукаку.
Белгиецот беше на „Олд Трафорд“ три сезони пред да се пресели во Интер, а потоа да се врати во Челзи.
„Лукаку е сепак доволно добар за некои од првите шест клубови. Мислам дека Јунајтед или Тотенхем треба да го доведат Лукаку на позајмица и да му платат тоа што го бара“, рече Јорк и дополни..
„Што и да кажат луѓето за Лукаку, тој е извонреден напаѓач и не го добива третманот што го заслужува. Ако во вашитот тим го имате мотивираниот Лукаку кој сака да игра за вас, тогаш тој може да ви донесе победа против речиси секој противник во светот“.