Манчестер Јунајтед и Спортинг не се разбраа за Фернандеш


– Преговорите меѓу Спортинг (Лисабон) и Манчестер Јунајтед за Бруно Фернандеш конечно пропаднаа и нема да има трансфер, ексклузивно објави „Сан“. Долго време, двата клуба дискутираа за условите на договорот, но не успеаја да се разберат.

Информациите во медиумите се различни, при што „Сан“ тврди дека Португалците барале 68 милиони фунти, додека од „Олд Трафорд“ понудиле максимум 42,5 милиони плус дополнителни 8,5 милиони во клаузули.

Дваесет и пет-годишниот играч од средниот ред се очекуваше да пристигне во Јунајтед уште минатото лето, но двата клуба не успеаја да потпишат договор.

„Црвените ѓаволи“ се убедени дека цената што ја поставиле Спортинг за Фернандеш е нереална и затоа нема да ги исполнат барањата на „лавовите“ од Лисабон.


Вести

АЕК: Ќе се блокираат повиците од странски неидентификувани броеви, граѓаните да не одговараат

Телекомуникациските оператори ќе ги блокираат броевите од кои што кон  домашни корисници од претпладнето има голем број неидентификувани повици од странство и во текот на денов таквите повици ќе престанат, изјави за МИА директорот на […]

Вести

Гордана Јанкулоска сведочеше за „Монструм“

– Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка, биле информациите за убиството на четирите mомчиња и рибарот на Смилковскоро езеро, кои доаѓале до Гордана Јанкулоска која во 2012 беше министерка за внатрешни работи. Таа денеска во […]

Вести

Милошоски и ја предаде на Русковска аудио снимката што ја пушти на собраниска комисија

–  Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја предал аудио снимката, која како што вели, ја добил од укажувач, а на која се претпоставува дека се слуша гласот […]