Македонија губи на „Олимпико“, Дармијан го совлада Димитриевски

Македонија-губи-на-„Олимпико-Дармијан-го-совлада-Димитриевски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Италија и Македонија во овие моменти играа на „Олимпико“ во Рим, во квалифиакциите за пласман на Европското првенство во Германија.

Актуелните европски шампиони имаат императив на победа, додека Македонија нема шанси за пласман на втората позиција во групата.

Од самиот почеток „Азурите“ го диктираат темпото, го имаат поседот на своја страна (76 отсто), постигнаа гол во 12.минута, кој беше поништен поради недозволената позиција на Распадори.

Сепакмакедонската одбрана капитулираше пет минути подоцна. Корнер од левата страна доби Италија, комбинираа Димарко и Распадори, кој ушати центаршут, а лошата поставеност на нашата одбрана ја искористи Дармијан.

Фудбалерот на Интер го постигна вториот гол во националниот тим.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK