Македонија ЃП, Воска и Тивеш се полуфиналисти во Купот

Македонија-ЃП-Воска-и-Тивеш-се-полуфиналисти-во-Купот.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ facebook.com/fkmakedonijagp1932


Воска спорт, Македонија ЃП и Тиквеш изборија пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Последниот патник во полуфиналето ќе биде познат утре кога својот натпревар ќе го одиграат Работнички и Шкупи на терените на ФФМ. Денешниот дуел беше одложен бидејќи теренот на стадиното во Маџри беше под вода.

Бранителот на трофејот, Македонија ЃП славеше во пресметката со Силекс со 1:0. Единствениот гол го постигна Алији во 66.минута.

Воска спорт со минимален резултат ја победи Брегалница во Штип.

Тиквеш по осум пенал-серии успеа да ја елиминира АП Брера. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1. Гостите водеа со авто-голот на Дончев во 45+1.минута, изедначи Кулеж во 52.

Пенал серијата им припадна на домашните играчи со 6:5. Последниот пеналз а Брера не го реализираше Ѓоргиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK