ПСЖ дефинитивно ќе остане без најголемата ѕвезда, Килијан Мбапе. Младиот Французин по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Реал Мадрид.
„Светците“ се доминантни во Франција, речиси и да немаат сериозна конкуренција. Од сезоната 2012/13 само два пати останаа без шампионската титула, во 2017 година шампион беше Монако, четири години подоцна Лил.
Во наведениот период ПСЖ освои дури девет од вкупно 11 шампионски титули. Голем придонес во освојувањето на некои од овие трофеи даде Килијан Мбапе, кој пристигна во Париз во летниот преоден рок во 2017 година, откако ја прослави титулата со Монако.
ПСЖ вече се подготвуваат за животот без Ембапе. За ова е свесен и Луис Енрике, шефот на стручниот штаб, кој во изјава за „Дејли Мејл“ го коментираше фактот дека ПСЖ ќе остане без најдобриот играч и стрелец.
„ПСЖ ќе има подобар тим кога Килијан ќе си замине од клубот“, кратко изјави Енрике со најава дека тимот во летниот преоден рок ќе дополнително ќе се засили на сите позиции.