ЛШ: Мешков со шокантен триумф над ПСЖ, потегот на мечот го имаше Скубе




Мешков Брест стигна до славна 32:31 (19:14) победа над огромните фаворити Пари Сен-Жермен во третото коло на ЕХФ Лигата на шампионите, за да го остави тимот на поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес без победа во новата сезона.

Белорускиот клуб имаше фантастично прво полувреме во кое направи предност од пет гола, предводен од Микита Ваилупау и Сташ Скубе, за потоа во драматичното второ полувреме да го изддржи камбекот на францускиот клуб. Ваилупау заврши со седум гола, Марко Паниќ додаде шест, а Скубе имаше четири, додека за ПСЖ не помогнаа седумте гола на Даинис Криштопанс.

WATCH: Stas Skube with a lovely 360 spin and finish to bamboozle the @psghand defence to send the @meshkovbrest fans wild! #ehfcl pic.twitter.com/eL901npIgG

— EHF Champions League (@ehfcl) September 30, 2020

Веспрем, пак, не си дозволи ваков луксуз и стигна до победа на гости кај Мотор Запорожје од 37:34 (17:18) за трета победа во три меча во ЛШ. Петар Ненадиќ уфрли осум гола, Мораеш имаше шест, а Борозан пет за унгарскиот тим, а нашиот Дејан Манасков постигна еден гол.