ЛШ: Манчестер Јунајтед повторно го покори Париз


ЛШ: Манчестер Јунајтед повторно го покори Париз - МИА

Париз, 20 октомври 2020 () – Париз станува среќно место за Манчестер Јунајтед.



Две години по славниот пресврт против Пари Сен Жермен во осминафиналето од Лигата на шампионите, вечерва „црвените ѓаволи“ го совладаа противникот со 2:1 на стартот од учеството во групната фаза од Лигата на шампионите.

Резултатот во корист на гостите го отвори Бруно Фернандеш од пенал во 23-тата минута. Во 55. минута парижаните израмнија по автоголот на Aнтони Марсијал.

На самиот крај на мечот, Маркус Рашфорд повторно ги донесе гостите во предност по одличен шут по земја, која ја задржаа до крајот на мечот.

Резултати од 1.коло од ЛШ:

Група „Е“:

Челси – Севиља 0:0
Рен – Краснодар 1:1

Група „Ф“:

Зенит – Бриж 1:2
Лацио – Борусија Дортмунд 3:1

Група „Г“:

Динамо Киев – Јувентус 0:2
Барселона – Ференцварош 5:1

Група „Х“:

ПСЖ – Манчестер Јунајтед 1:2
Р.Б. Лајпциг – Истанбул Башакшехир 2:0


Вархеји: Осумстотини милиони евра помош за Западен Балкан и Турција од ЕУ - МИА
Вести

Вархеји: Се помалку е извесно дека Скопје и Тирана годинава ќе ги почнат преговорите со ЕУ

– Се помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. […]

Вести

Во Бразил запленети речиси 2,5 тони кокаин

Бразилската полиција соопшти дека во едно предградие на Рио де Жанеиро откри и заплени 2,46 тони кокаин. Во акцијата приведени се две лица. Кокаинот се чувал во хангар. Полицијата соопшти дека тоа е најголемо количество […]

Вести

946 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*