ЛШ: Коман и Баерн го „прегазија“ Атлетико, Лукаку спасуваше реми за Интер!


Баерн Минхен со победа ја започна одбраната на титулата од Лигата на шампионите, триумфирајќи над Атлетико Мадрид со 4:0 на „Алијанц арената“, додека со малку среќа до победи стигна и Ливерпул на гости кај Ајакс (0:1),  додека Интер со гол во 90-тата минута успеа да извлече 2:2 реми со Борусија Менхенгладбах.



Херојот од финалето во Лисабон, Кингсли Коман, го отвори резултатот во 28. минута, по една долга акција на Баварците, пред во 41. минута, Коман да му асистира на Леон Горецка за 2:0. Атлетико мислеа дека се вратија во игра во 47. минута, кога Жоао Феликс ја затресе мрежата, но ВАР одлучи дека Луис Суарез беше во офсајд.

По ова, европскиот шампион уште еднаш ја покажа својата безмилосност – Корентин Толисо постигна апсолутно спектакуларен гол од огромна далечина во 66. минута, пред Коман уште еднаш да погоди во 72. минута, поигрувајќи се со одбраната на гостите.

Интер не успеа да стартува со победа, откако во драматичен меч одигра 2:2 со Борусија Менхенгладбах на „Сан Сиро“. Ромелу Лукаку во 49. минута ја искористи мешаницата пред голот на гостите за водство, но бундеслигашот се врати со гол од пенал во 63. минута по фаулот на Артуро Видал. Јонас Хофман ги шокираше „нераѕурите“ во 85. минута, кога донесе водство за „ждребињата“ и покрај проверката за офсајд, пред Лукаку уште еднаш да покаже колку вреди за тимот на Антонио Конте со гол во 90-тата минута.

Во Амстердам, Ливерпул немаше многу од играта, но дојде во водство во 35. минута од мечот, кога ударот на Садио Мане, дефанзивецот на Ајакс, Никола Таљифико спектакуларно го пренасочи во сопствениот гол. Фабињо имаше едно неверојатно „вадење“ од гол-линија за да се зачува оваа победа.

Манчестер сити се намачи, но стигна до 3:1 камбек победа над Порто. Луис Дијаз ги донесе Порто во водство во 14-тата минута, Сити израмнија преку Агуеро од пенал само седум минути подоцна. Во второто полувреме Гундоган (65.) и Феран Торес (73.) ја донесоа победата за тимот на Пеп Гвардиола.

Аталанта, пак, ја продолжи „љубовната приказна“ со ЛШ со убедлива 4:0 победа над данскиот дебитант, Митјиланд.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 1.КОЛО

ГРУПА А

Ред бул Салцбург – Локомотив Москва 2:2

Баерн Минхен – Атлетико Мадрид 4:0

ГРУПА Б

Реал Мадрид – Шахтјор Доњецк 3:3

Интер – Борусија Менхенгладбах 2:2

ГРУПА Ц

Манчестер сити – Порто 3:1

Олимпијакос – Марсеј 1:0

ГРУПА Д

Митјиланд – Аталанта 0:4

Ајакс – Ливерпул 0:1

БАЕРН МИНХЕН – АТЛЕТИКО МАДРИД

ИНТЕР – БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ

АЈАКС – ЛИВЕРПУЛ

МАНЧЕСТЕР СИТИ – ПОРТО

МИТЈИЛАНД – АТАЛАНТА


ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Вести

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината

–  Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*