Ловрен може да ја продолжи кариерата во Рома



Ловрен: Не е лесно, ние сме затворени во нашите домови 46 дена - МИА

Рим, 13 мај 2020 () – Дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен, може да се пресели во Рома за време на летниот преоден рок, пренесува „Скај Спортс“.

Клубот од Рим е заинтересиран за услугите на 30-годишниот Хрват и сака да го искористи фактот дека неговиот договор со Англичаните истекува летото 2021 година.

Ливерпул може да се согласи да го продаде играчот сега за да не го изгуби без пари следната година.

Во сезоната 2019/20, Ловрен одигра 14 натпревари за Ливерпул, има 1 гол и 1 асистенција.

Порталот „transfermarkt.com“ го проценува Хрватот на 16 милиони евра.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]