Ливерпул немоќни против Брајтон и видео-технологијата



 

Брајтон успеа да освои бод против Ливерпул (1:1), во вториот натпревар одигран во 11.коло, во Премиер лигата. Натпреварот го обележа контроверзниот пенал кој го добија играчите на Брајтон во 93.минута.

ВАР, пресуди во корист на Брајтон, при еден дуел помеѓу Робертсон и Велбек. Снимката покажа дека контакт помеѓу фудбалерите постоел, иако Велбек не се наоѓаше во ситуација да постигне гол, а никој од фудбалерите на Брајтон не бараше пенал.

Паскал Грос постигна гол од белата точка и го поставо конечниот резултат.

Брајтон заслужија бод за она што го покажаа во првиот дел. Коноли во 10 минута беше сам пред Алисон, но ударот заврши крај голот, а десет минути подоцна Мупај од пенал го промаши голот.

Ливерпул постигнаа гол во 33.минута преку Салах, меѓутоа ВАР покажа милиметарски офсајд на Египѓанецот. ВАР интервенираше и во второто полувреме кога оправдано, поради офсајд, го поништи голот што го постигна Мане.

Голот за Лиерпул го постигна Диого Жота во 60 минута.