Ливерпул не победи на домашен терен, за прв пат од јануари 2019 година


Ливерпул не победи на домашен терен, за прв пат од јануари 2019 година - МИА

Ливерпул, 11 јули 2020 () – Новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, попладнево одигра нерешено со Барнли 1:1 на свој терен во натпревар од 35. премиерлигашко коло. Средбата се одржа на стадионот „Енфилд“. Ливерпул остана без трите бода на свој терен, за прв пат по јануари 2019 година.


 

Домаќините го отворија резултатот во 34. минута преку Ендру Робертс, Барнли изедначи со голот на Џеј Родригез.

Ливерпул со 93 бода е убедливо прв на табелата, Барнли е деветти со 50 бода.