Ливерпул е 63 натпревари без пораз на домашен терен во Премиер лигата и го повтори својот рекорд


Ливерпул е 63 натпревари без пораз на домашен терен во Премиер лигата и го повтори својот рекорд - МИА

Ливерпул, 31 октомври 2020 () – Актуелниот англиски фудбалски шампион Ливерпул вечерва го победи Вест Хем со 2:1 во рамките на 7. коло во Премиер лигата.



„Црвените“ немаат претрпено ниту еден пораз на последните 63 натпревари во првенството на „Енфилд“. Серијата трае од април 2017 година, кога Ливерпул загуби од Кристал Палас (1:2).

Избраниците на тренерот Јирген Клоп победија 52 пати, 11 натпревари одиграа нерешено.

Ливерпул го повтори клупскиот рекорд во серија домашни првенствени средби без пораз поставен во 1978-1980 година.

Рекордната низа во највисоката англиска дивизија му припаѓа на Челзи, кој имаше 86 без пораз на домашен терен во периодот 2004-2008 година.


Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*