Поранешниот играч на Нотингем Форест, Џеси Лингард добил понуда да ја продолжи кариерата во Вест Хем, пренесуваат британските медиуми.
Лингард (30) минатата сезона одигра 20 натпревари за Нотингем Форест и постигна два гола. Тој веќе играше за Вест Хем во сезоната 2020/21. Таа сезона веројатно е најдобра во неговата кариера, одигра 19 натпревари, постигна девет гола и забележа пет асистенции.
Британските медиуми велат дека „Чеканите“ сакаат да му дадат шанса на Лингард да се врати во топ форма.
Лингард во својата кариера настапуваше и за Манчестер јунајтед, Лестер, Бирмингем, Брајтон и Дерби каунти. За англиската репрезентација од 2016 до 2021 година одигра 32 натпревари и постигна шест гола.