Лесна победа на Ѓоковиќ против Беретини


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Матео Беретини со 6:2, 6:1 во првиот натпревар од завршниот Мастерс турнир на осумте најдобри тенисери на светот, кој се игра во Лондон.

Србинот загуби само три гејма во дуелот со Италијанецот, а средбата траеше само 63 минути.

На Ѓоковиќ му треба најмалку пласман во финалето во Лондон, ако сака да си го врати првото место на АТП листата, на кое во моментов се наоѓа Рафаел Надал.

Во вториот денешен натпревар, вечерва, третиот носител Роџер Федерер за ривал го има Доминик Тим, додека утре се играат дуелите од другата група. 

Вести

Кандидатот за еврокомесар за проширување на тест пред европратениците

Оливер Вархелји, кандидатот за комесар за проширување утрово три часа ќе биде сослушуван од европратениците во комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент. Унгарскиот кандидат за комесар беше номиниран откако европратениците го отфрлија првиот предлог […]

Вести

Американски државјанин со арапско потекло веќе трет ден заглавен во неутралната зона на грчко – турската граница

Веќе трет ден, американски државјанин со арапско потекло се наоѓа во неутралната зона меѓу Грција и Турција кај Еврос, бидејќи не може да влезе ниту во едната, ниту во другата земја, јави дописничката на МИА […]

Вести

Владиниот лирџет пријавил ситуација за итност и безбедно слетал на Скопскиот аеродром

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.   […]