Лејкерс ја освоија Западната конференција за прв пат по 10 години



Лејкерс ја освоија Западната конференција за прв пат по 10 години - МИА

Орландо, 4 август 2020 () – Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс го обезбедија првото место во Западната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска во Орландо ја совладаа Јута со 116:108 и станаа недостижни за конкурентите за врвот на Запад.

Најефикасен за победата беше Ентони Дејвис со 42 поена.
За ЛА лејкерс првото место во Конференцијата е освоено по пауза од десет години, односно за прв пат по сезоната 2009/10. Тогаш тие ја освоија шампионската титула, последна од нивните 16.

На другите две средби одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:
Њу Орлеанс – Мемфис 109:99
Филаделфија – Сан Антонио 132:130.

Лејкерс имаат биланс 51-15 (победи-порази), ЛА клиперс 45-21, Денвер 44-23, Хјустон 42-24, Јута 42-25,….

На Исток, лидер е Милвоки со 54-13, следуваат Торонто 48-18, Бостон 44-22, Мајами 42-25, Индијана 41-26,…


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*